Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Северна Кореја ја снабдува Русија со смртоносно оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
napad-rusija

Во февруари 2022 година, руската армија влезе во Украина со повеќе од илјада ракетни фрлачи во својот арсенал.

Во тоа време тоа беше најголемата тактичка ракетна сила во светот, пишува Форбс. По 33 месеци жестоки борби, Русите загубија најмалку 400 од тие ракетни фрлачи. Иако Кремљ повлече голем број постари фрлачи од залихите, не успеа да ги замени загубите и да опреми нови единици, а залихите на ракети исто така се при крај.

— реклама —

Токму затоа ракетни фрлачи од Северна Кореја се исклучително важни за Русија. Потполковникот Андриј Коваленко, шеф на украинскиот Центар за борба против дезинформации, вели дека режимот во Пјонгјанг ѝ подарил на Русија стотина артилериски системи, вклучувајќи хаубици М1989 и ракетни фрлачи М1991.

Информациите за несмасните хаубици М1989 веќе беа познати и тоа дека Русија од Северна Кореја примила милиони артилериски гранати и неколку десетици балистички ракети КН-23. И Северна Кореја испрати неколку илјади војници да им помогнат на Русите во Курск.

— реклама —

Северна Кореја ги крие своите фрлачи М1991 во планините долж демилитаризираната зона меѓу двете Кореи. Во случај на војна, тие фрлачи може да се користат за бомбардирање на Сеул, кој - не случајно - се наоѓа на точно 60 километри од демилитаризираната зона. Вашингтонскиот центар за стратешки и меѓународни студии посочува дека овие фрлачи се „клучна алатка со која Северна Кореја претставува ризик за Јужна Кореја и Сеул“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања