Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Си-ен-ен: Трамп заглавен во сопствената војна со Иран – речиси сите опции се лоши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj
The White House

Си-ен-ен оценува дека Трамп е во дилема во конфликтот со Иран што самиот го ескалираше. По контрадикторни пораки најави „15 точки на договор“, но Иран ги демантираше, што ја поткопува довербата и ја отежнува дипломатијата. Иран, и покрај загубите, има силен адут преку Ормутскиот теснец и влијанието врз нафтата и економијата. Аналитичарите велат дека сите опции носат ризици: ескалација, скапа копнена војна или повлекување. Излезот е неизвесен и може да стане долгорочна глобална криза.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозна дилема во конфликтот со Иран, кој самиот го ескалираше, а од кој сега тешко може да најде излез, оценува Си-ен-ен.

— реклама —

По неколку дена контрадикторни пораки, Трамп сигнализираше можност за деескалација, тврдејќи дека се постигнати „15 точки на договор“ со Иран. Но Техеран веднаш ги демантираше овие тврдења, што дополнително ја поткопува довербата во американската позиција.

— реклама —

Анализата укажува дека и двете страни можеби се приближуваат до точка каде цената на понатамошна ескалација е преголема, но нема гаранции дека тоа ќе доведе до крај на конфликтот.

— реклама —

Проблемот, според Си-ен-ен, е непредвидливоста на Трамп, кој постојано менува ставови – од закани за бомбардирање на ирански цели до најави за преговори. Таквиот пристап ја намалува веродостојноста на САД и ја отежнува секоја дипломатска иницијатива.

Во меѓувреме, Иран покажува дека и покрај загубите, и понатаму има силен адут – контролата врз Ормутскиот теснец, преку кој директно влијае врз глобалната економија и цените на нафтата.

Се отвора и прашањето дали паузата во воените активности е резултат на стратегија или обид да се стабилизираат финансиските пазари, кои беа погодени од растот на цените на енергенсите и падот на берзите.

Аналитичарите предупредуваат дека речиси сите сценарија носат сериозни ризици. Ескалацијата може да доведе до поширока војна, испраќањето копнени сили би значело долг и скап конфликт, а повлекувањето би ги оставило американските сојузници во регионот изложени на засилен Иран.

Дополнително, не е јасно дали Иран би прифатил услови што вклучуваат откажување од нуклеарната програма и балистичките капацитети, што го прави дипломатскиот излез уште понеизвесен.

Заклучокот на анализата е дека САД се наоѓаат во ситуација без добри решенија, а кризата што ја создаде Трамп може да се претвори во долгорочен геополитички проблем со глобални последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 5 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 5 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања