Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје и Белград лидери во авијацискиот бум: Над 200.000 нови седишта во првиот квартал од 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
wizzair-1-750x400

Како што се приближува крајот на 2025 година, авијацискиот сектор во регионот влегува во една од најдинамичните фази во последната деценија. Првиот квартал од 2026 година носи значително зголемување на капацитетите на речиси сите аеродроми во поранешна Југославија, а апсолутни лидери во овој раст се Скопје и Белград, кои ќе додадат по повеќе од 200.000 нови седишта во однос на истиот период лани.

Најголемиот двигател на експанзијата е нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“, кој по период на реструктурирање агресивно ги враќа и проширува своите операции. Во Скопје, компанијата ќе додаде дури 286.124 нови седишта, што претставува најсилен индивидуален раст на еден аеродром во регионот. Во Белград, „Виз Ер“ ќе ја зголеми понудата за дополнителни 141.905 седишта, со што двата главни града стануваат клучни точки на регионалната авијациска карта.

— реклама —

Растот не е ограничен само на најголемите центри. Зголемени капацитети ќе има и на аеродромите во Охрид, Тузла, Ниш и Бања Лука, што укажува на поширока регионална консолидација и враќање на патничката побарувачка.

Загреб го зазема третото место по раст, но со поинаква структура. Таму приматот го презема националниот превозник Croatia Airlines, кој е во фаза на модернизација и проширување на мрежата и ќе додаде 65.678 седишта. За разлика од претходните години, Ryanair бележи поскромен раст од 11.960 седишта, додека Turkish Airlines ќе додаде 13.006 седишта, надминувајќи го ирскиот нискобуџетен превозник.

— реклама —

На регионално ниво, во првиот квартал од 2026 година ќе бидат понудени вкупно 7.514.798 седишта на редовни летови, распоредени на 48.428 операции, што претставува раст од 20,9 проценти. Кога се гледаат дестинациите, Истанбул е апсолутен лидер, со најмногу седишта кон аеродромот Истанбул (IST), по што следуваат Цирих и аеродромот „Сабиха Гокчен“.

Воедно, патниците ќе добијат пристап и до нови авиолинии. Од Скопје ќе се лета кон Ларнака и Прага, од Белград кон Тбилиси, Астана и Гренобл, а од Љубљана кон Гран Канарија, што дополнително го проширува изборот и ја зацврстува позицијата на регионот на европската авијациска мапа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања