Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
vozacka-1

Возачки испит во земјава може да се полага со завршено основно образование, а токму овој услов бил причина 49-годишен прилепчанец да фалсификува свидетелство за завршена осмолетка за да може да се пријави во авто-школа.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднела кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

— реклама —

„Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто-школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение“, соопштуваат од полицијата.

Случајот доаѓа во период кога засилени се контролите во сообраќајот, особено по ставањето во функција на системот „Безбеден град“, кој предвидува построги санкции за возење без возачка дозвола и за други сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Во изминатиот период, по одземање на возила од лица кои управувале без положен возачки испит, во Битола и во други градови беа организирани протести. Дел од демонстрантите, припадници на ромската заедница, бараа можност да управуваат возила и без положен испит, повикувајќи се на фактот дека некои од нив се неписмени.

Надлежните, пак, остануваат на ставот дека условите за стекнување возачка дозвола се законски пропишани и еднакво важат за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања