Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште со 61 глас „за“ – започнува од мај 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryqja68b1aulu92qCC0pp

Со 61 глас „за“, Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Училиштето ќе стартува на 13 мај 2026 во Центарот за обука во Идризово, како дел од Полициската академија, со настава во 3 и 4 година (две учебни години). Може да се пријават ученици што завршиле 1 и 2 година средно. Условите вклучуваат државјанство, возраст под 18 години при повикот, познавање македонски, здравствена и психофизичка способност, безбедносна проверка и согласност од родител. Целта е подготовка на кадар и надминување на недостигот од формализирано полициско образование.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со 61 глас „за“ и без ниту еден против или воздржан, Собранието синоќа го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.

Според законот, новото средно полициско училиште ќе започне со работа од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, согласно новиот закон за внатрешни работи – Полициска академија. Наставата ќе се одвива според планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во соработка со министерот за внатрешни работи, а образовниот процес ќе трае две учебни години (третата и четвртата година средно образование).

— реклама —

Учениците кои ја завршиле првата и втората година на средно образование можат да се пријават на конкурс и, доколку ги исполнуваат условите, своето образование да го продолжат во средното полициско училиште. Со ова се продолжува традицијата на училиштето – последната, 24-та генерација, завршила во 2000 година, а сега се очекува формирање на 25-та генерација.

За запишување во средното полициско училиште, кандидатите треба:

— реклама —
  • да се државјани на Македонија,

  • да не наполнат 18 години на денот на објавувањето на јавниот повик,

  • активно да го користат македонскиот јазик,

  • да бидат здравствено и психофизички способни,

  • да поминат безбедносна проверка која утврдува дека не постои безбедносен ризик,

  • да обезбедат писмена согласност од родител, старател или законски застапник.

Во законот се нагласува дека целта на образованието е подготовка на кадар способен да се справува со безбедносните предизвици со кои се соочува државата и превенција на општествени девијации. Недостигот од формализирано полициско средно образование го отежнувал кариерниот развој во безбедносниот сектор и селекцијата на кадар според специфичните потреби на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 23 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања