Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шок промени во СДСМ: Извршниот одбор колективно си поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library83h8t9gi3567cw9y5WV

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, по предлог на претседателот д-р Венко Филипче, целото раководство колективно поднесе оставка. Од функциите се повлекоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.

— реклама —

Оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот Филипче, кој го води процесот на длабоки внатрепартиски реформи.

— реклама —

Според соопштението, овој чекор се оценува како „одговорен и морален“, со кој раководството отвора простор за „нова сила, нова енергија и ново поглавје“ на СДСМ.

— реклама —

Партијата најавува период на кадровско освежување, реорганизација и мобилизација, со вклучување на нови лица во највисоките структури.

На една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нов состав на органите на партијата. Од СДСМ уверуваат дека на сите функции ќе бидат избрани „најкомпетентните личности“.

Со ова, СДСМ започнува најголема реконструкција на раководството во последната деценија – процес кој треба да ја одреди идната стратегија и позиција на партијата на политичката сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 2 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 7 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања