Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шолц за поканата на Украина во НАТО: Земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-10-25-111913

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека во моментот не постои можност Украина да биде повикана во НАТО бидејќи, како што наведе, според него, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата.

Шолц во четвртокот вечерта за телевизијата ЗДФ изјави дека земја во воена состојба дефинитивно не може да стане членка на НАТО и дека, како што наведе, сите се согласуваат со тој став.

— реклама —

Според Шолц, во моментов се разговара за „безбедносните гаранции“ по завршувањето на тековната војна во Украина.

Шолц истакна дека руското кршење на меѓународното право бара посебни дејствија.

— реклама —

Според неговите зборови, од една страна треба да се поддржи способноста на Украина да се брани, а од друга да се спречи војната да прерасне во конфликт од поголеми размери, односно во војна меѓу Русија и НАТО.

„Ова е моја одговорност и тоа е нешто што јасно го разбирам. И нема да го сменам ставот, нема да дозволам да ме поколебаат“, изјави Шолц.

Во овој контекст, тој повтори дека не се согласува со префрлање во Украина на германски крстосувачки ракети „Таурус“ и друго оружје што може да придонесе за ескалација.

Шолц оцени дека е дојден моментот, вклучително и на бојното поле, кога е неопходно да се погледне како да се стави крај на војната и да се создадат перспективи за праведен мир за Украина што е можно поскоро.

Тој исто така изрази надеж дека ќе се одржи втор глобален мировен самит за Украина, овојпат со учество на Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Пукање во училиште во Украина: ученик ранил соученик

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања