Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сопругата на херојот Илчо: Болката не поминува, само се учи да се живее со неа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarysrc2d954i2u44lDi3nS

Една година по трагедијата во Пулс – Кочани, сопругата на херојот од Брзата помош, Илчо Гоцевски, се огласи со емотивна порака за човекот кој го загуби по неговата пожртвуваност во спасувањето на повредените.

— реклама —

Илчо, по потекло од делчевското село Звегор, кој живееше во Кочани, 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот до скопските клиники. Вкупно 11 пати ја минал релацијата до Скопје, по што, исцрпен од напорот, легнал да одмори и не се разбудил.

— реклама —

Неговата сопруга, Анета Демерџиева Гоцевска, во објава на социјалните мрежи напиша дека болката по неговата загуба не поминува.

— реклама —

„Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов. Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена“, напиша таа.

Таа посочи дека Илчо целиот свој живот го посветил на помагање на другите како возач на Брза помош, нарекувајќи го „тивок херој“ кој секогаш бил таму кога било најпотребно.

Во објавата, таа се осврна и на поддршката што ја добила во најтешките моменти, истакнувајќи дека Христијан Мицкоски лично ја посетил за да изрази сочувство.

„И во такви моменти човек не гледа функција, туку гледа човек. Јас во него видов човек со големо срце, со топлина и искрена човечност. Неговото присуство ми даде чувство дека не сме сами во нашата тага“, напиша Анета.

Таа порача дека човечноста е највисоката вредност и дека споменот за нејзиниот сопруг ќе живее преку делата што ги оставил зад себе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања