Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сопругата на српскиот премиер „во улога” на Живка од Госпоѓа министерка од Нушиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarykbsf5v7001rubtrcCnJ

Правилата ни во Србија не се еднакви за обичните смртници и за сопругите на функционерите.

— реклама —

Сопругата на премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, докторката Јелица Мацут, одлучила дека правилата во трговски центар се само препорака – за обичните.

— реклама —

Зашто кога сте дел од владејачката каста, касата не е каса, обезбедувањето не е обезбедување, а полицијата не е институција, туку лична служба за решавање на повредени ега, негодуваат граѓаните.

— реклама —

Менаџер кој само си ја работел работата бил пријавен за „злоставување“, објави Нова.рс.

Продавница, пак, што се држела до правилата, била прогласена за непријател на државата. А полицијата, повикана како да треба да се гаси терористички напад, а не како да се реши проблем со артикл што не е купен таму.

Сопругата на премиерот побарала во продавница да ѝ ја симнат безбедносната плочка од работи што ги купила во друга продавница. Бидејќи тоа не ѝ било прифатено, се заканувала со зборовите: „Дали вие знаете која сум јас?“

Го повикала и личното обезбедување, како и полицијата. Менаџерот на продавницата во понеделник оди на сослушување во полициска станица.

„Ова не е инцидент. Ова е систем. Систем во кој функцијата е поважна од законот, а презимето посилно од правилникот.

Зашто кај нас не важи дали си во право. Важи дали си нечија сопруга“, прашуваат во коментарите граѓани од Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 11 час

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 17 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања