Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
hajrulahi-1

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по негово сопствено барање.

Хајрулахи претходно беше суспендиран, откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинителството, во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година тој наводно ја користел својата хиерархиска позиција за континуирано психичко насилство и закани кон пет вработени жени, при што им упатувал закани дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од шести кат“, како и дека се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.

— реклама —

Хајрулахи целосно ги негира обвинувањата и тврди дека предметот е тенденциозен и политички конструиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во однос на бонусите во СЈО.

На денешната седница, Советот треба да расправа и за избор на нов претседател, како и за формирање Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025–2028 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања