Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шпанија контра САД, нападот врз Иран го оцени како неоправдан, Санчез повика на воздржаност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
pedro-sances

Шпанскиот премиер Педро Санчез го нарече американско-израелскиот напад врз Иран „неоправдан“ и побара максимална воздржаност, спротивно на ставовите на Германија, Франција и Обединетото Кралство. Тој предупреди дека ваквите акции создаваат опасен преседан надвор од меѓународното право и водат до невини жртви и регионална нестабилност. Санчез рече дека може истовремено да се осудува иранскиот режим и да се биде против воена интервенција, повикувајќи на деескалација и итен дијалог. Кралот Фелипе Шести исто така предупреди на ризик од ескалација на Блискиот Исток и побара умереност, дијалог и одбрана на универзалните принципи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Шпанскиот премиер Педро Санчез го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како „неоправдан“ и побара „максимална воздржаност во употребата на сила“, заземајќи став спротивен на Германија, Франција и Обединетото Кралство, кои најавија соработка со Соединетите Американски Држави во одбрана на своите интереси.

Во обраќање во Барселона на отворањето на телекомуникациската конференција „Мобајл ворлд конгрес“, Санчез изјави дека светот се наоѓа на крстопат.

„Се наоѓаме на раскрсница и мора да избереме пат – војна или мир, напредок или неуспех, иднина или минато. Шпанија е јасна во тоа“, рече премиерот.

— реклама —

Тој предупреди на последиците од, како што оцени, „опасен преседан на систематско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право“ и повторно го осуди кршењето на човековите права во Газа и на Западниот Брег, како и нарушувањето на меѓународното право во Венецуела.

Санчез нагласи дека Соединетите Американски Држави и Израел „еднострано“ го нападнале Иран без консултација со меѓународната заедница.

— реклама —

„Обезглавија страшен режим што го угнетува своето општество, тоа е вистина. Но го поткопаа меѓународното право и предизвикаа невини жртви“, изјави тој.

На критиките од лидерот на десничарската опозиција, Алберто Нуњез Феихо, кој го повика да се изјасни дали е „за слобода или за тирани“, Санчез одговори дека станува збор за лажна дилема.

„Може да бидеш против ужасен режим како иранскиот, а истовремено и против неоправдана воена интервенција“, рече премиерот, додавајќи дека со нападите „целата регија е вовлечена во терор што создава глобална нестабилност“.

Тој повторно повика на деескалација, почитување на меѓународното право и итно обновување на дијалогот, најавувајќи дека Шпанија ќе го застапува тој став во разговорите со другите земји.

Во рамки на истиот настан, и Фелипе Шести предупреди на „критична ситуација“ кон која се движи Блискиот Исток. Монархот посочи дека постои ризик од регионална ескалација со непредвидливи последици и повика на „максимална умереност во употребата на сила“ со цел да се избегне хаос и ново страдање.

Кралот се заложи за дијалог, мир и соработка во меѓународната заедница, потсетувајќи и на војната во Украина, која трае веќе четири години без јасна перспектива за мир, и повика на одбрана на универзалните вредности и принципи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 13 минути

— реклама —
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања