Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, и сите кои учествуваа во гасењето пожари. Се наоѓаме во период на сериозни пожари во државата, а се вклучени противпожарните бригади, полициски службеници и армиски припадници, и затоа е потребно е да им се дадат соодветни награди на сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите. Сега треба да имаме заеднички пристап кон оваа ситуација, и тука не треба ниту да полемизираме, ниту пак да ја злоупотребуваме ситуацијата за политички цели, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет.

— реклама —

- Сега кога имаме прогласено кризна состојба во државата, а сè уште беснеат пожарите, само вчера имавме пожари на 12 населени места, а ја имаме за жал и првата жртва, она што треба да го направиме како Собрание, е да помогнеме. Ние како пратеничка група на СДСМ, стоиме на располагање, за што и да треба дополнително, за ефикасна борба со пожарите, рече Спасовски.

— реклама —

Тој потенцираше и дека пратеничката група на СДСМ има поднесено и законски текст кој се однесува на посебните права на припадниците на безбедносните сили, закон за оштета на сите припадници на безбедносните сили, загинатите припадници, на нивните семејства, кои во 2001 година го загубија својот живот.

— реклама —

- Но ова се однесува и на сите оние кои подоцна го загубиле животот, како припадниците на МВР и припадниците на одбраната, и во кумановските настани, како и во хеликоптерските несреќи кај Блаце, и кај Струмица.

Со закон за изменувања на права на припадниците на безбедносните сили да се обезбедат финансиски средства за да ги исплатиме сите овие семејства, нивните наследници и на овој начин да се затвори ова прашање кое подолго стои во македонското општество“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања