Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
011-6

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Вести плус“ на канал 5 телевизија во врска со интензивните пожари кои пустошат во државата истакна дека координацијата на институциите затајува, а ситуацијата бара далеку подинамичен пристап.

— реклама —

-Затајува координацијата. Апелирам во овој период за енергична акција. И за пронаоѓање на било какви сторители или оние што палат. Институциите треба да работат, да се преземаат најстроги мерки за секој што ќе се отркие да подметнува пожар, заради тоа што најмногу страда државата, се загрозува и здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.

— реклама —

Тој ги демантираше лагите дека досега не се вложувало ништо во справувањето со пожарите посочувајќи дека СДСМ ги опреми хеликоптерите за да може да се гасат пожари.

— реклама —

-Нека каже било кој дали постоеле хеликоптери и персонал. Немало. МВР немаше подготвено ниту еден воздухоплов, ниту еден хеликоптер, којшто беше опремен за гасење пожари, ниту имаше обука за полициски службеници за гасење пожари. Во 2022 година МВР од сопствен буџет опреми три хеликоптери со најсовремена опрема и го обучи персоналот, заедно со колегите од Словенија, преку заеднички проект и денеска тие се една од најмобилните единици за гасење пожари, нагласи Спасовски.

Во врска со ребалансот на буџетот Спасовски ја посочи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не поднесуваше илјадници амандмани, со кои ќе се одолговлече постапката за донесување на ребалансот, тоа е разликата меѓу нас и сегашната власт. Тие кога беа во опозиција поднесуваа амандмани само за да може да се одолговлекува целиот процес. СДСМ поднесе амандмани за поголеми плати, за награди за пожарникарите, полицајците, војниците, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања