Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Спречен обид за атентат во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Rusija-ruska-policija-1-620x350

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила наводен обид за атентат врз висок офицер на Министерството за одбрана на Русија на Крим, за кој тврди дека бил планиран по налог на украинската воено-разузнавачка служба (ГУР).

— реклама —

Според официјалното соопштение, ГУР наводно регрутирала државјанин на Украина, кому му биле дадени инструкции да постави експлозивна направа во приватниот автомобил на рускиот офицер и потоа да ја активира. ФСБ наведе дека лицето било уапсено пред да го изврши нападот, пренесува руската агенција „РИА Новости“.

— реклама —

Во соопштението дополнително се тврди дека украинските разузнавачки структури интензивно бараат потенцијални извршители за, како што наведуваат, „терористички и диверзантски акции“, користејќи интернет-канали, социјални мрежи и платформите Телеграм и ВатсАп, со цел нанесување штета на Русија.

— реклама —

Наводите на ФСБ не може независно да се потврдат, а украинските служби засега не се огласиле за случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 15 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 17 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 19 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања