Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

IMG_4082

„Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини?“, велат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе пд очигледно е дека некој се обидува да ставу одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.

— реклама —

Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.

— реклама —

Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 2 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 7 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања