Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Кремљ: Вучиќ брзо се извини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-odlikuvanje-vucic

Брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ на случајното гласање на неговата земја за „антируска резолуција“ во ОН ја израдува Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Русија разбира дека се работи за техничка грешка. Се разбира, го слушнавме и го забележавме“, одговори Песков на новинарот на руската државна новинска агенција Тас, кој го праша дали Кремљ го забележал извинувањето на Вучиќ.

— реклама —

„Се случуваат технички грешки. Се разбира дека ни се допаѓа таква брза реакција од шефот на државата“, додаде тој.

Да потсетиме, Србија вчера на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за европска резолуција за Украина. Меѓутоа, претседателот Александар Вучиќ набрзо изјави дека неговата земја направила грешка и дека требало да покаже воздржаност.

— реклама —

„Мислам дека Србија згреши. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија и јас сам ја сношам вината за тоа, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да направам се“, рече Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Хепи.

Тој додаде дека Србија требаше да се воздржи при гласањето за европската резолуција за Украина, исто како што беше и при гласањето за американската резолуција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања