Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Средба Костадиновски-Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4889

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, проф. д-р Сашо Георгиевски.

— реклама —

На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.

— реклама —

Претседателот д-р Костадиновски го информираше проф. д-р Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на агендата е интензивирање на соработката и интеракцијата меѓу Уставниот суд и науката.

— реклама —

Во рамки на предвидените активности, по повод 60-годишниот јубилеј кој го прославува Уставниот суд оваа година, предвиден е Меморандум за соработка со Правниот факултет. Предлог-текстот на Меморандумот беше во фокусот на средбата и се очекува во најскоро време да биде потпишан.

„Изразувам искрено задоволство за Вашата подготвеност за соработка, лично сметам дека ставот и позициите на науката по важни општествени и особено релевантни теми за уставното судство се од исклучително значење и не случајно еден од врвните приоритети за мене е поголема присутност на науката, не само теоретски во стратегиите туку и во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот", потенцираше Костадиновски.

Деканот Георгиевски ја поздрави подготвеноста и позитивниот пристап за воспоставување поинтензивна соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” и изрази очекување дека двете институции преку Меморандумот ќе имаат заемна корист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања