Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Средба на министерот Муцунски со претставници од Комисијата за надворешни работи во парламентот на Република Чешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2-3

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари средба со делегација од Комисијата за надворешни работи во чешкиот Парламент, предводена од заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек.

— реклама —

— реклама —

На средбата, беше изразено задоволство од напредокот на македонско-чешките односи и уверување дека заедничкиот ангажман ќе придонесе кон нивно натамошно унапредување и искористување на потенцијалот за соработка во сите области. Двете страни се согласија дека парламентарната дипломатија е значајна димензија во зајакнување на севкупните билатерални односи на двете држави, извести МНР.

— реклама —

Министерот Муцунски се заблагодари за недвосмислената поддршка на Чешка за евроинтегративниот процес на нашата земја, која беше потврдена и на бројните средби во рамки на неговата неодамнешна работна посета на Прага.

Заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек потенцира дека Комисијата за надворешна работи на чешкиот Парламент, ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во нејзиното доближување кон Европската Унија, истовремено зајакнувајќи ја парламентарната соработка на сите нивоа, соопшти МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 2 дена

media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Македонија | пред 6 дена

media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања