Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на македонската дијаспора во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4438

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија.

— реклама —

На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги нејзините заложби за соработка и продлабочување на врските со дијаспората, ја претстави својата иницијатива за создавање на Национален совет за соработка со дијаспората, со цел изнаоѓање на начини за нејзино зголемено вклучување во стратегискиот развој на земјата.

„Треба да станеме стандардна држава. Во Европската Унија не влегуваат егзотични држави, туку стандардни, демократски држави, компатибилни со оние внатре, компатибилни со германската држава“, рече претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека ние отсекогаш географски, историски, културно сме биле дел од Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања