Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Што се случува со цените на нафтата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
873x400-1-16

Цените на нафтата нагло пораснаа и се приближија до 100 долари за барел поради нарушувања во снабдувањето од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Во Лондон барелот достигна 99,56 долари, а во САД 95,06 долари. Клучен фактор е Хормушкиот Теснец, каде транзитот паднал на под 10% од претходното ниво, со намалување на испораките за околу 18 милиони барели дневно. Складиштата во Персискиот Залив се преполни и производството е намалено за над 10 милиони барели. Земјите членки на МАЕ ќе пуштат 400 милиони барели од стратешките резерви, но тоа се смета за привремена мерка. Аналитичарите велат дека трајна стабилизација бара нормализирање на транзитот и намалување на тензиите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Цените на нафтата нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 100 долари за барел, поради сериозните нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната меѓу САД, Израел и Иран.

— реклама —

На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладне се искачи на 99,56 долари, што е зголемување од 7,58 долари во однос на претходниот ден. На американскиот пазар барелот достигна 95,06 долари, со раст од 7,81 долар.

— реклама —

Тензиите во регионот се одразуваат директно врз енергетските пазари, особено поради ситуацијата во Хормушкиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој минува околу една петтина од светската нафта.

— реклама —

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, транзитот низ теснецот е намален на помалку од 10 проценти од нивото пред почетокот на конфликтот. Во 2025 година низ овој коридор се транспортирале околу 20 милиони барели дневно, што значи дека сега испораките се намалени за приближно 18 милиони барели дневно.

Поради ограничениот извоз, складиштата во земјите од Персискиот Залив се преполни, па производството на нафта е намалено за повеќе од 10 милиони барели дневно.

Во обид да се стабилизира пазарот, земјите членки на Меѓународната агенција за енергија одлучија да пуштат 400 милиони барели нафта од стратешките резерви. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека оваа мерка може само привремено да го ублажи притисокот врз цените.

Според нив, единствено решение за стабилизација на пазарот е нормализирање на транзитот низ Хормушкиот Теснец и намалување на тензиите во Персискиот Залив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 16 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања