Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
vardariste-protest

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ги повикува граѓаните утре два пати да излезат на протест. Покрај веќе закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и протест и наутро во 07:30 часот. Блокадата ќе биде на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.

„Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на работа и ги замолуваме возачите за трпение,“ порачуваат од иницијативата.

— реклама —

Протестот, велат, е резултат на тоа што истекол рокот од пет дена што им бил даден на институциите да започнат со исполнување на итните барања:

  • Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.

  • Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување.

  • Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно во депонијата.

  • Поставување ограда околу Вардариште.

  • Започнување процес за трајно затворање на депонијата.

  • Откривање и санкционирање на потпалувачите и организаторите на пожарите.

  • Ригорозни мерки против граѓани и компании кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.

Барањата биле доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром, но до овој момент одговор не е добиен од ниту една институција.

— реклама —

„Ги повикуваме СИТЕ ГРАЃАНИ да ни се придружат бидејќи ЧИСТ ВОЗДУХ е ПРИОРИТЕТ за сите нас,“ стои во соопштението на иницијативата „Стоп за Вардариште“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања