Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Студентските протести се аларм“ – Меџити со поддршка за барањата правосуден да се полага на албански јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
medziti-i-s-2

Во пресрет на најавениот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик, градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.

— реклама —

„Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија“, посочува Меџити.

Тој нагласува дека протестот не треба да се гледа како политизација, туку како повик за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики.

— реклама —

„Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија. Студентските протести секогаш се аларм за појави во општеството кои политичките структури имаат обврска да ги третираат целосно“, наведува Меџити.

Протестот е најавен за денес, а во фокусот е барањето за овозможување полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

„Македонија има еден службен јазик на целата територија, секој кој живее и работи треба да го знае“, велат од Македонски Концепт

Македонија | пред 2 седмици

jove-kekenovski

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Коментари | пред 2 седмици

media-librarysl086gl5dr5d2LaHLcD

Адвокатот Димитријевиќ до студентите кои протестираа: Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора да се познава и користи

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања