Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЕЏИТИ

media-libraryrkimak2jfhub11ZfLQd

Во Чаир се гради модерен базен за младите – инвестиција од околу еден милион евра

„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, да се натпреварува и да се развива“, велат од ВЛЕН.„Ова е ВЛЕН. Ова е визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти. Базенот со должина од 25 метри, ширина од 8,80 метри и длабочина погодна за учење и тренинг ќе создаде нови можности за развој на спортот и младите таленти. Таму ќе се обучуваат нови тренери и спасувачи, додека ќе се организираат натпревари и спортски активности што го креваат спортот на друго ниво.Овој објект поставува нов стандард, бидејќи означува изградба на инфраструктура што произведува дисциплина, здравје и успех. Со ВЛЕН, Чаир продолжува со работа, развој и проекти што оставаат белег кај младите луѓе и во целото општество“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Скопје | пред 3 седмици

media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, сподели повеќе од десет фотографии од пречекот на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, одржан во Скопје. На фотографиите, кои беа јавно објавени на неговите профили на социјалните мрежи, доминираат исклучиво албански знамиња, без присуство на државни симболи на Македонија.Во објавата, Меџити наведува дека заедно со Спиропали положиле цвеќе кај бистата на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, на плоштадот што го носи неговото име, истакнувајќи почит кон „заедничката историја“ и кон фигурата која, како што пишува, го симболизира албанскиот идентитет, отпорот и единството. Според неговите зборови, моментот бил потсетник дека националните вредности треба да останат водилка и денес, во време на нови предизвици и одговорности.Во продолжение, градоначалникот нагласува дека со таа „духовна порака“ се продолжува градењето мостови на соработка и зајакнување на врските меѓу државите и политиките. Но, начинот на кој беше визуелно претставен настанот предизвика реакции и прашања во јавноста, особено поради фактот што посетата се одвива во главниот град на Македонија, а на фотографиите не се забележува ниту еден македонски државен симбол.Критичарите укажуваат дека ваквиот протокол и визуелен наратив оставаат впечаток на еднонационална симболика во мултиетнички и државен контекст, што дополнително ја отвора дебатата за односот кон државните институции и симболи, особено кога станува збор за официјални или полуофицијални средби со странски функционери.Настанот повторно го актуелизира прашањето за границата меѓу етничката припадност, локалната самоуправа и државниот протокол, како и за пораките што се испраќаат кон јавноста кога ваквите средби се претставуваат исклучиво низ призма на една национална симболика.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Организаторите на протестот во Скопје за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК соопштија дека групат без никакви задржувања ја поминала косовско-македонската граница. Ова го потврди Хисни Гуцати, еден од организаторите и поранешен претседател на Организацијата на воени ветерани на УЧК, кој јавно му се заблагодари на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.Според Гуцати, Меџити дал гаранции дека нема да има пречки за влез на ветераните кои пристигнале да присуствуваат на протестот во Скопје.„Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна“, изјави Гуцати.Тој додаде дека поранешните команданти ја поминале границата без детални контроли.„Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех“, рече тој.Во своето обраќање, Гуцати изнесе и политички обвинувања во врска со судските процеси во Хаг против поранешните команданти на УЧК.Тој повтори дека, според него, „судењето на ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“, споменувајќи го и извештајот на покојниот Дик Марти.„Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија“, додаде Гуцати.Протестот се одржа во саботата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, како поддршка за обвинетите команданти на УЧК во Хаг за настаните од војната во 1998–1999 година. Организаторите претходно изразија загриженост дека некои од ветераните може да бидат приведени на граница поради меѓународни потерници од Србија.

Свет | пред 3 месеци

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Во Собранието пристигнаа предлогот за новите министри од Коалицијата Вреди, информираа од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.Новите министри треба да дојдат на местото на сега избраните градоначалници, Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртезани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.За седницата за избор на нови министри нема пропишан рок во деловникот.Дали ќе има промена во ресорот здравство но и во други министерства ќе се знае по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

ВЛЕН бара местото на Меџити да го преземе Беким Сали, но и ресорот за животна средина да остане во коалицијата

По изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, коалицијата ВЛЕН очекува неговите досегашни владини позиции – заменик-премиер и министер за животна средина – да ѝ припаднат на партијата.Вицепремиерот за политики за добро владеење Арбен Фетаи изјави дека Влен ќе предложи Беким Сали за заменик-премиер, а дополнително ќе номинира уште едно лице за министер за животна средина.„Изет Меџити имаше две функции во Владата – министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме уште едно име, министер за животна средина. Верувам дека оваа недела ќе седнеме со премиерот како мандатар, најдоцна до утре, и ќе најдеме заедничко решение,“ изјави Фетаи.Тој додаде дека разговорите со премиерот ќе се одвиваат конструктивно и дека очекуваат брзо разрешување на кадровските прашања.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0qvrddlntb7l1zMteUx

(Фото) Меџити му подаде рака на Димитриевски – Вреди ќе му се поддршка за вториот круг во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани“.Ова е втора јавна поддршка од страна на Влен, откако претходно Изет Меџити му подаде рака и на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryse9181vhodq44mpIUVN

Меџити во МРТ: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Чаир, како историско и академско средиште на Скопје, доживува значајнафаза на развој благодарение на поддршката од владата.Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, ИзетМеџити, во дебатната емисија на МРТ, соопшти дека во последните 15месеци се инвестирани околу 100 милиони евра, што е само почетокот натрансформацијата.Меѓу главните проекти, Меџити ги спомена:        •       Универзитетот „Мајка Тереза“, инвестиција од 40 милиони евра занајголемиот и најмодерниот универзитетски кампус во земјата, правејќи гоЧаир академско средиште со околу 20.000 студенти вклучени во четириуниверзитети.        •       Стар Чаир, инвестиција од 25 милиони евра, важна реновирање нанајстарата чаршија на Балканот, која не бил обновувана од османскиотпериод.        •       Плоштадот „Скендербег“ во Скопје, проектот ќе создаде паркинг просторза 800 возила, модернизирајќи и функционализирајќи ја централната зона.Меџити истакна дека Чаир за прв пат се трансформира не само со зборови,туку со конкретни проекти и реални инвестиции, кои ќе го донесат овојдел на Скопје во ерата на развојот и ќе ја зајакнат неговата улога какоакадемско, културно и историско средиште.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryelmk2b30nisabggh2tN

„Чаир мора да стане модерен и европски“ – порача Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денеска на прес-конференција ја објави својата кандидатура со порака дека „Чаир заслужува визија, работа и конкретни дела“.„Стојам овде за да го објавам моето враќање во Чаир – меѓу луѓето на кои им припаѓам. Мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Одлуките за нашата иднина мора да се носат на улиците, во маалата, меѓу граѓаните, а не во затворени канцеларии“, порача Меџити.Тој истакна дека во изминатата година и пол биле обезбедени десетици милиони евра за Чаир и другите општини со мнозинско албанско население, а општината веќе е претворена во „градилиште“.„Сега е време за решавање на сообраќајниот хаос, за нови паркинзи, за чистота, за нови градинки и целодневна настава во училиштата, за културни фестивали и отворено културно Кале. Чаир мора да биде студентски, образовен и културен центар на Албанците“, истакна кандидатот.Во своето обраќање Меџити порача дека неговата кандидатура не е само трка за градоначалничката функција, туку „почеток на мисија за ослободување од еднопартискиот монопол и корумпиран систем кој со години го држел Чаир во страв и неизвесност“.Тој претстави и дел од програмата, нагласувајќи четири клучни приоритети:изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“, катна гаража кај „Чаирчанка“ и монтажни гаражи во Топанско Поле и кај салата „Партизан“;современ систем за управување со отпад и нови зелени површини;бизнис инкубатор и фонд за млади претприемачи, модернизација на училиштата и нови образовни стандарди;враќање на културниот живот, поддршка за уметниците и инвестиции во спортската инфраструктура.„Ова е наша заедничка битка за Чаир каков што го сонуваме. Време е за работа, за ред и за развој. Време е за Чаир“, заврши Меџити.

Скопје | пред 6 месеци

izet-medziti

Меџити во кампањата за градоначалник: Невработеноста во Чаир падна од 40% на 16%

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба изјави дека денес Чаир изгледа сосема поинаку од 2005 година, кога тој за првпат ја презеде општината.„Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%“, нагласи Меџити.Тој потсети дека во минатото Албанците во државната администрација имале минимална застапеност. „Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија“, рече Меџити.Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, тој додаде дека на овие избори не е најважно што ќе се случи во Кичево, Струга или во другите градови, туку кој ќе победи токму во Чаир.

Скопје | пред 6 месеци

media-library4l83fipe3dqn2wV4P9g

Меџити: Се реконструира улицата „5 Мај“ во Серово, не даваме празни ветувања туку реализираме конкретни инвестиции

Првиот потпретседател на Владата и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕНза градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска ги следешеработните активности во улицата “5 Мај“ во населбата Серово.“Денеска сум овде, на улицата „5 Мај“ во населбата Серово, за да гиследиме работните активности  за еден толку значаен проект кој едиректен одговор на барањата на нашите граѓани”, истакна Меџити.Тој појасни дека со целосната реконструкција на оваа улица, одкрстосницата со улицата “ЛПК“ до паркингот кај комплексот „Чаирчанка“,се презема конкретен чекор кон урбан развој и создавање подобри условиза живот на жителите.“Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари и истиот е финансиранод Владата. Оваа улица е од особено значење бидејќи се наоѓа вонепосредна близина на комплексот “Чаирчанка”, кој сè повеќе се развиваво интегрирана станбено-деловна зона“, изјави тој.Меџити најави дека паралелно со реконструкцијата на улицата е подготвени проект за изградба на катна гаража, со што ќе се реши сериозниотпроблем со паркирањето во овој фреквентен дел на Чаир.“Нашиот пристап е јасен, не даваме празни ветувања, туку реализирамеконкретни инвестиции. Секој проект што го започнуваме е доказ за нашатаискрена посветеност и за визијата Чаир да се развива како функционална,модерна и организирана општина“, потенцираше Меџити.Понатаму, тој додаде дека ќе продолжи со работа и транспарентност.“Ќе продолжиме со работа, транспарентност и постојана грижа, затоа штограѓаните заслужуваат да бидат слушнати и достојно претставени“, истакнаМеџити.

Скопје | пред 6 месеци

mickoski-medziti

Мицкоски не одговори дали ќе побара одговорност од Меџити кој си тераше партиски настан додека имаше голем пожар

Премиерот Христијан Мицкоски, не одговори дали ќе побара одговорност од неговиот вицепремиер и минситер за животна средина, Изет Меџити, кој вчера наместо во Трубарево каде имаше голем пожар во складиште со опасен отпад, тој беше на партиски настан. Според Мицкоски, министерот бил цело време достапен за управувачкиот комитет, а сите мерења течеле без проблем.„Со Меџити бев цело време на линија јас вчера, и тој беше на линија со управувачкиот комитет. Сите мерки беа преземени, како во вчерашниот ден така и денеска. Така што да се намали тензијата, нема потреба од паника. Работата е под контрола.По партискиот настан, Меџити ноќеска, пред изгрејсонце, се појави во Трубарево. Тој тогаш откри дека фирмата имала лиценца која важи до 2031 година, но не откри дали биле извршени контроли и дали исполнувала услови за да ја има лиценцата.https://skopje1.mk/archives/348268

Македонија | пред 6 месеци

ahmetii

ДУИ: Меџити не знае за одговорност, туку само за личен интерес

ДУИ остро го критикуваше министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, обвинувајќи го дека во најкритичните моменти за граѓаните на Скопје не покажал никаква одговорност.„Додека воздухот во Скопје мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел. Кога граѓаните стравуваа за своето здравје, нему му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува“, соопштија од партијата.ДУИ прашува зошто Меџити избегнал од вонредната прес-конференција додека жителите на Трубарево се евакуираа во доцните часови и дали има „грам одговорност за позицијата што му е доверена“.Од партијата потсетуваат дека Меџити повеќе од две децении во Чаир, според нив, „работел исклучиво за лични интереси, без вистинска грижа за граѓаните“.„Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси. Со луѓето се среќаваше само пред избори. Затоа Чаир денес изгледа запуштено, небезбедно и заборавено“, додаваат од ДУИ.Партијата уверува дека на 19 октомври, жителите на Чаир ќе му го покажат црвениот картон на Меџити, затоа што, како што наведуваат, „време е политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато“.

Македонија | пред 6 месеци

medziti-trubarevo

(Видео) Се појави Меџити во Трубарево: Фирмата има 10 годишна дозвола добиена пред четири години, загаденоста се мери

На десетина минути пред четири часот утрово, министерот за животна средина, Изет Меџити, до медиумите прати изјава снимена во Трубарево. Ова доаѓа откако попладнето, додека Скопје се труеше од пожарот во складот каде гореше опасен отпад, тој беше на партиски настан во Чаир. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Пожарот разбирливо предизвика загриженост. Фирмата има 10 годишна дозвола добиена во 2021 година. Повикувам за доверба во институциите. Министерството за животна средина со сите институции веднаш реагиравме и се е под контрола. Сите податоци од мерењето на квалитетот на воздухот ќе бидат јавни“, вели Изет Меџити, министер за животна средина.https://skopje1.mk/archives/348215https://skopje1.mk/archives/348256

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

(Видео) Новинарите го бараа министерот за животна средина

Министерот за здравство, Азир Алиу, прашан каде е минситерот за животна средина, Изет Меџити, кој наместо во Труберво каде гореше токсичен отпад беше на партиски настан, изјави дека материјалот од местото на пожарот е земен од акредитирана институција и најави дека официјалните резултати ќе бидат објавени во понеделник.„Од акредитирана институција е земен материјалот. До понеделник ќе имаме официјални резултати. Ќе ве известиме на прес-конференција“, рече Алиу.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека повеќепати разговарал со претставници од Министерството за животна средина, меѓу кои и со самиот министер и неговиот заменик.„Да, госпоѓо, кажав, неколку пати разговарав со министерот за животна средина, со заменик министерот за животна средина. Со луѓе за животна средина“, истакна Тошковски.Новинарите инсистираа да добијат одговор зошто ресорниот министер Изет Меџити не е присутен и зошто не се обраќа по повод еколошката катастрофа, на што Тошковски одговори: „Обратете му се, прашајте го, ви кажав дека неколку пати разговарав“.https://skopje1.mk/archives/348215

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-18.45.10

(Видео) Министерот за животна средина си тера кампања, додека во Скопје се случува еколошка катастрофа

Додека густ токсичен чад од пожарот во магацин за отпад во скопската населба Трубарево се шири над градот, министерот за животна средина и просторно планирање и вицепремиер, Изет Меџити, си ја тера својата предизборна кампања во Чаир.Средбите, Меџити ги прави во исто време додека и натаму гори складиштето, а истите ги споделува и во живо на социјалните мрежи. Токму Министерството за животна средина со кое тој раководи, ги издава дозволите за работа на вакви објекти, како што е запалениот, а врши и контроли. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Во исто време, жителите на Трубарево и околните населби алармираа за здравствени проблеми поради чадот – печење на очите, тешкотии при дишењето и страв од долгорочни последици.Контрастот меѓу еколошката катастрофа на терен и политичкиот митинг на првиот човек задолжен за животната средина предизвика остри реакции во јавноста. Граѓани и активисти јавно прашуваат како е можно министерот да избере партиска активност пред итна посета на локацијата погодена од пожарот.

Скопје | пред 6 месеци

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија?

Алијанса за Албанците (АА) прашува дали премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжи да го штити својот коалиционен партнер, Изет Меџити од ВЛЕН, од обвинувањата за провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербег“, кои порано ги изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.АА потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција објавуваше бројки, скандали и афери за расипништвото во локалната власт во Чаир, обвинувајќи дека Меџити како градоначалник земал провизија. Денеска, како што се наведува, тие се верни владини партнери.„Доколку Мицкоски заборавил, јавноста памети како пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски јавно изнесуваше обвинувања против Меџити за корупција, злоупотреби, криминали и провизии тешки 450 илјади евра,“ се вели во соопштението.Алијанса за Албанците прашува дали Мицкоски сега се откажува од својот пратеник и неговите тврдења за да го спаси Меџити и дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште верува во сопствените обвинувања или тие биле само „евтин популизам“.„Дали оваа партија е подготвена да ги затвори очите пред сите тие наводи за криминал само за да остане на власт? И најважно: дали интересот на народот е жртвуван за сметка на нивните фотељи и функции?“ прашуваат од АА.Партијата потенцира дека борбата против корупцијата не е предмет на пазарење. „Нема компромис со наводни криминали, ниту алиби за политичка дволичност. Време е ВМРО-ДПМНЕ јасно да избере дали сака владеење на правото или заштита на коалицискиот комодитет,“ се додава во соопштението.АА порача дека граѓаните нема да прифатат двојни стандарди – едно да зборуваат кога се во опозиција, а друго да прават кога ќе дојдат на власт. „Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се претстави како носител на промени, мора јавно и без калкулации да покаже дали ќе застане на страната на правдата или ќе остане соучесник во коруптивните практики кои самите ги разоткриваа,“ завршува соопштението.

Македонија | пред 6 месеци

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 6 месеци

izet-medziti-1-im

Меџити гo објави мотото за локалните избори - се мтивирал од рок бенд

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината.На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и културните процеси кај Албанците во Македонија и пошироко. „Ќе го дадеме целото наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани,“ истакна Меџити.Инспирацијата за мотото, како што беше посочено, доаѓа од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој потекнува токму од Чаир, што слоганот го прави уште посимболичен за локалната заедница.

Скопје | пред 7 месеци

IMG_1271

(Фото) Меџити на турнир во Counter Strike 2 пред Скендербег

Во Чаир, пред споменикот на Скендербег, се одржа голем турнир во Counter Strike 2, настан кој привлече бројна млада публика.Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека турнирот е многу повеќе од забава, оценувајќи го како силен сигнал за потенцијалот на младите во областа на електронските спортови.„Е-спортовите веќе не се само игра, тие се страст, професија и голема можност за меѓународна афирмација. Овој турнир, организиран на барање на младите, е само првиот чекор кон формирање на првиот клуб за електронски спортови во Чаир – клуб кој ќе биде прибежиште за таленти и референтна точка за сите што се воодушевени од е-спортовите,“ изјави Меџити.Тој додаде дека поддршката од Општината за младите нема да изостане и потсети дека голем број таленти од Чаир веќе имаат успеси на меѓународната сцена. Со отворањето на клубот тие ќе добијат нови можности да го претставуваат Чаир и Македонија на светско ниво.„Ние сме со младите и за младите. Чаир е дијамант, а овој дијамант свети со енергијата на нашата младина. Со клубот CS 2.0, Чаир станува епицентар на младинската иновација во е-спортовите,“ нагласи Меџити.Настанот беше претставен како почеток на едно ново поглавје за младите во Чаир – поглавје во кое традицијата и историјата се испреплетуваат со иднината и модерните визии, а општината се афирмира како центар на младинскиот развој во регионот.

Скопје | пред 7 месеци

mickoski-medziti

Меџити најави апсолутна победа во Чаир, уште во прв круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој е и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека очекува апсолутна победа на октомвриските избори и дека битката ќе заврши уште во првиот круг.„Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека визијата на ВРЕДИ ќе обезбеди развој на општината за наредните 50 години“, порача Меџити.Во интервју за МИА, Меџити нагласи дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма насочена кон решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, како и воведување мораториум за нови градби со цел подобра урбанистичка контрола.„Чаир ќе биде првата општина без ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир“, изјави Меџити.

Скопје | пред 7 месеци

medziti-i-s-2

Меџити за скандирањата „Илирида“: Не ги оправдувам, но не беа антимакедонски настроени

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, се произнесе за иредентистичките скандирања на Националната арена „Тодор Проески“ за време на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах. Дел од навивачката група „Балисти“ извикуваше пароли како „Илирида“, а во скандирањето се приклучи и остатокот од стадионот.„Како Влада, ние ги осудивме сите што ќе посегнат по ксенофобија и расизам. Во Куманово беа антиалбански настроени. Не ги оправдувам ни другите, но не беа антимакедонски настроени. Повикуваме на почитување на различните вредности и надминување на овие состојби“, изјави Меџити.Тој додаде и критика кон институциите: „Мислам дека судството не делува кога треба, а кога делува – претерува, како во овој случај. Ги повикуваме и тие да придонесат за меѓуетничките односи, а не да ги загрозуваат.“Интересно е што, иако беше на стадионот заедно со други функционери од ВЛЕН, претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека не ги слушнал спорните пароли.

Македонија | пред 7 месеци

izet-medziti-1-im

Изет Меџити: Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко натпреварување.„Мојот став отсекогаш бил и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, оправдана и чиста! Тоа беше војна за државноста, за еднаквоста и за одбраната на албанскиот идентитет на териториите на поранешна Југославија. Светот ги призна и ги казни агресорите и насилниците за злосторствата врз Албанците. Секој обид денес да се изедначи насилникот со жртвата е неприфатлив – било според нормите на меѓународното право, било според принципите на обичајното право.“, истакна членот на коалицијата ВЛЕН.Тој оценил дека Косово денес е суверена и функционална држава во секој агол од својата територија, нагласувајќи дека „паралелните структури на северот од Косово се елиминирани, додека институциите на Република Косово се консолидирани“.Меџити, исто така, ги критикувал политиките на иницијативата „Отворен Балкан“ и политичката класа која, според него, направила компромис со територијата, богатството и правдата. Тој оценил дека денес Косово го водат лидери кои не се пазарат со државните и националните интереси.Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот совет на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК и УЧК кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Еден од говорниците на протестот беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски со прозивка до Фетаи и Меџити: Да се извинат ако службените возила ги користеле за партиски активности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно побара од вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити да понесат одговорност и да се извинат доколку службените автомобили им служеле за партиски наместо за државни цели. Поводот е случка од пред десетина дена, кога возилата на двајцата функционери биле забележани доцна навечер – околу 23 часот – паркирани на булевар во близина на ТЦ „Мавровка“, непосредно до просториите на политичката коалиција ВЛЕН.Мицкоски потенцираше дека во случај возилата да биле користени за активности поврзани со Владата, тоа би било прифатливо. Но, ако биле употребени за партиски состаноци, тогаш, како што рече, „се работи за злоупотреба на државни ресурси“.-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.Од друга страна, градоначалникот на Тетово и коалициски партнер во ВЛЕН, Биљал Касами, ги бранеше Фетаи и Меџити, нагласувајќи дека, според него, средбата била службена и поврзана со функциите кои ги извршуваат. Тој додаде дека не верува оти неговите партиски колеги би се состанале за политички прашања без негово знаење или учество.

Македонија | пред 8 месеци

ahmeti-grubi

Ми понудија да одам во ДУИ, оти Ахмети ќе се пензионира, па ја земеме партијата, тврди Меџити

Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ објави дека имал понуда да го подели ВЛЕН. Меџити рече дека прво него му понудиле да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Како што изјави, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената со ВЛЕН.– Има обиди и имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во ВЛЕН – рече Меџити.Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил „некаква понуда“ и порача дека не треба да крие која е понудата и договорот, туку искрено да каже во јавноста.

Македонија | пред 11 месец

taravari-vredi-koalicija

Таравари спремен за во опозиција, Меџити го спакува за да го испрати од Владата, а се јави и Села

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вечерва изјави дека на неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, Арбен Таравари, не му е местото во Владата доколку се решил на соработка со ДУИ. Штом посакува таква соработка, како што рече Меџити во интервјуто за ТВ Сител, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи го од членството и јавноста.„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела. Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите сè уште стоиме на тоа освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ“, вели Меџити.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори. Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, рече Таравари.Се огласи и Села.„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања