Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Судењето за трагедијата во Тафталиџе почнува на 30 март: на Стојанче ќе му суди судијата од предметот за убиството на Вања и Панче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf
Скопје1.мк

На 30 март почнува судењето против Стојанче Јовановски за наводно долгогодишно психичко и физичко насилство врз сопругата Ивана, која на 2 март скокна од шести кат со нивната шестгодишна ќерка. Процесот ќе го води судијата Ивица Стефановски. Обвинителството тврди дека насилството кулминирало на критичниот ден и ја довело жртвата во состојба на страв и безизлезност. Претходно имало над 10 пријави, а по трагедијата се утврдени пропусти во Центарот за социјални работи. МВР информира дека до 10 март се регистрирани 319 кривични дела за семејно насилство, 207 пријави, 14 притвори и 602 поплаки.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На 30 март ќе започне судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која на 2 март скокна од балкон од шести кат заедно со својата шестгодишна ќерка. Случајот ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за институционалната реакција во случаи на семејно насилство.

— реклама —

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —

Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз сопругата. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот, така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и ќе ѝ биде одземено детето.

— реклама —

Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, го извршила самоубиството.

„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.

Против Јовановски, според информациите од МВР, претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.

По трагедијата, инспекциски служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.

Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања