Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Судир меѓу „пежо“ и мотор „БМВ“ – млад мотоциклист со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Скопје
media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty
Илустрација / Скопје1

Mлад мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Трповски“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена на 17 април 2026 година во 14:15 часот во СВР Скопје, а во неа учествувале патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (40) од село Матејче, липковско и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С. (20) од Скопје.

— реклама —

Во судирот било оштетено и паркирано возило „фолксваген“, сопственост на К.А. (49) од село Глуво, скопско.

Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.С., кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник, кој бил прегледан во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.

— реклама —

Од МВР информираат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 8 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 9 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 9 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања