Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шукова: Скопје за сите одржливо, паметно, солидарно, се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarybq1jv9bfc69aatkBDaw

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова ја презентираше својата конкретна програма и приоритети за подобрување на животот во градот.

Шукова, ја претстави својата визија за
Скопје за сите – одржливо, паметно, солидарно. Потенцираше дека преку знаење и реални проекти:,,Се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење".

Во својот говор, Шукова нагласи дека Скопје мора да биде град со чист воздух, уредени улици, функционален јавен превоз, зелени површини и современо управување со отпадот. Таа истакна дека не ветува чуда, туку чесна и посветена работа, со транспарентна и отчетна власт.

„Скопје не е експеримент. Граѓаните не се тука за некој да ‘проба’ уште еднаш. Јас нема да бидам градоначалник на партијата, ќе бидам градоначалник на граѓаните“, рече Шукова.
Кандидатката презентираше дел од проекти кои вклучуваат:

Воведување на 100 нови еколошки автобуси и БРТ систем за јавен превоз;

Изградба на 15 нови паркови и засадување на 10.000 нови дрвја;

Модернизација на комуналната хигиена, воведување подземни контејнери и редовно собирање отпад;

Технолошки парк на Град Скопје место каде стартапите, иноваторите и претприемачите ќе најдат сè што им треба на едноместо: канцеларии, лаборатории, менторска поддршкаи пристап до инвеститори;

Изградба на нови училишта и младински центри;

Поддршка на културни настани и уметнички фестивали;

Воведување отворен буџет и дигитални услуги за транспарентно управување со јавните средства.

Шукова истакна дека нејзиниот тим се состои од експерти за урбанизам, сообраќај, екологија, економија, култура и спорт, младин кои ќе ја спроведуваат визијата за подобрување на животот во Скопје.

,,Јас не барам поддршка ‘против некого’, туку поддршка за вас, за вашите семејства, за вашите деца. Ајде заедно да го изградиме Скопје како модерен, европски, зелен и хуман град“, заклучи Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања