Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Суспендирани визи од САД - Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија, вели Фрчкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8qusogn8ncusesx96xa
Unsplash

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска остро реагираше на одлуката на Соединетите Американски Држави да ја опфатат Македонија со мерката за суспендирање на обработката на визи, оценувајќи дека ваквиот чекор ја става државата во ист ранг со земји како Сомалија и Сирија.

Според Фрчкоски, одлуката на САД, со која Македонија се најде на листата на уште 75 држави за кои привремено се суспендира обработката на визи, е директна последица на, како што ги нарече, погрешните политики на актуелната власт и „периметарот на Христијан Мицкоски“. Тој потсети дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега, од 21 јануари, следува и суспензија на визната обработка, што според него претставува сериозен дипломатски сигнал.

— реклама —

Фрчкоски нагласи дека СДСМ подолг период предупредува на штетните последици од политиките на, како што ја нарече, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ, кои, според него, го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и европската интеграција на државата. Во тој контекст, тој го посочи Иван Стоилковиќ како еден од најблиските соработници на Мицкоски во Владата, обвинувајќи го за отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Како дополнителен аргумент, Фрчкоски наведе дека пред неколку дена Стоилковиќ бил виден на прослава со припадници на групата „Ноќни волци“, која важи за блиска до рускиот претседател Владимир Путин. Според него, ваквите активности се во директна спротивност со интересите на државата и со нејзините стратешки сојузништва.

— реклама —

Паралелно со, како што рече, антиамериканските активности, Фрчкоски ја обвини Владата и за водење анти-ЕУ кампања, преку намерно отворање судири со Грција и Бугарија, повторно активирање затворени прашања и создавање изговори за блокирање на преговорите со Европската Унија. Според него, ваквото однесување има за цел да ја оправда изолацијата на државата и отсуството на суштински реформи.

Фрчкоски предупреди дека САД веќе најавиле носење специјален закон за Западен Балкан, насочен кон борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека актуелните мерки се само првите чекори. Тој најави дека можно е следување на т.н. црни листи и воведување дополнителни санкции.

На крајот, Фрчкоски порача дека СДСМ ќе продолжи да ја, како што рече, разоткрива оваа агенда, потенцирајќи дека стратешки партнери на Македонија се САД, а единственото место на државата е во НАТО и Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања