Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Швајцарски суд го продолжи притворот на сопственикот на барот во кој загинаа 40 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx
Х

Судот во Швајцарија нареди продолжување на притворот за еден од сопствениците на барот во луксузното скијалиште Кран-Монтана, каде што во пожар што избувна за Нова година загинаа 40 лица, објави денеска СРФ.

Обвинителството на кантонот Вале уште во петокот нареди притворање на ко-сопственикот на барот, Жак Морети, по неговото сослушувањето и сослучувањето на неговата сопруга Џесика, а се чекаше судска одлука дали притворот е оправдан.

— реклама —

Брачниот пар изразил жалење поради трагедијата и изјавил дека целосно ќе соработува со истрагата. Обвинителството засега не ја коментира судската одлука. Двајцата се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

Во катастрофалниот пожар за време на новогодишната прослава животот го загубија 40 лица, од кои мнозинството беа тинејџери, а повредени се уште 116 лица. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека пожарот го предизвикале прскалки кои ја запалиле звучно-изолациската пена поставена на таванот од подрумот.

— реклама —

Неговата сопруга и ко-сопственичка Џесика, која по сослушувањето била пуштена на слобода, потврдила дека во барот се користеле прскалки. „Секогаш додаваме прскалка кога сервираме шише вино во салата за јадење“, им изјавила таа на обвинителите. Истражителите дополнително проверуваат дали во барот имало противпожарни апарати и дали излезите биле во согласност со прописите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

Свет | пред 6 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања