Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Свечена програма по повод 7 ноември - Денот на ослободувањето на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
SVECENOST_7-MI_07.11-5-scaled-1

Со свечена програма, денес во големата сала на Општина Охрид беше одбележан 7 Ноември–Денот на ослободувањето на Охрид. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој искажа искрена благодарност кон сите учесници во Народно ослободителната војна, а посебно кон оние херои кои пред 78 години, на Охрид конечно му ја подарија слободата:

— реклама —

-Низ историјата Охрид и охриѓани секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната на човекољубието, правдата и слободата. Илинденската епопеја, Балканските војни и Првата Светска Војна се трагични епизоди, но и скалило повеќе кон целосното оживотворување на идеалот за слобода, еднаквост и човечките правдини, кој се реализира со застанувањето на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција во Втората светска војна во која беа положени илјадници животи, за конечна победа и слобода на Македонија.

— реклама —

Денес 78 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверен сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.

— реклама —

Дозволете ми моето обраќање да го завршам со парафразирање на големиот Јане Сандански: Ако животот е борба во која нашите татковци се избориле за слобода, нашата генерација треба да се бори за совршенство и така најдобро ќе го исполниме аманетот на нашите предци за слободна, просперитетна и вековита Македонија, во која Охрид ќе биде нејзиниот најсјаен бисер – истакна Пецаков.

Во името на ОО на Сојузот на борци, зборуваше потпретседателот проф. Љубиша Машановиќ:

-Во редица на значајни настани и горделиви датуми од историјата на нашиот град, посебно место зазема 7 Ноември 1944 година. Во раните утрински часови пред 78 години, започнаа жестоки борби со германските окупаторски сили за конечно ослободување на Охрид.Борбените дејствија започнаа околу 3 часот наутро, а завршија во попладневните часови. Охрид беше конечно ослободен, а германските единици беа протерани од градот.

На олтарот за слободата на нашиот град, останаа на вечна стража 40 храбри борци, а повеќе од 60 беа ранети. Кон нивното дело, сите ние треба да се однесуваме со особена почит. Седми ноември е денот кога Охрид слави за успехот, за храброста и херојството и се искажува почитта кон жртвите кои ги положија животите за слободен Охрид, за слободна Македонија. Ден на слава стана овој ден. Ден на победата, ден над деновите за овој град – рече во своето обраќање Машановиќ.

Во продолжениe на свеченоста, ученици од повеќе училишта во градов и ансамблот “Билјана“, изведоа богата културно – уметничка програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања