Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Таткото на загинатиот Томче: Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче, ја осуди комеморацијата во Собранието закажана дури по една година, велејќи дека се одржала само по притисок од семејствата. Тој смета дека е срамно што по загинувањето на 63 млади животи институциите не покажале навремена почит. Стојанов тврди дека родителите се третираат како виновници и дека трагедијата не е „судбина“, туку убиство од небрежност и нефункционирање на институциите, додека одговорните продолжуваат да профитираат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов по комеморативната седница во Собранието рече дека е срамота после една година да закажат комеморација.

— реклама —

По наше барење е комеморацијата, ако ние не го притиснавме немаше ни ова да се случи. Не е ли срамота и греота да загинат, во една држава 63 млади животи да згаснат, кои беа иднината на државата. Срамота после една година комеморација да изразат. Не знам, ова го нема ни во најназадните земји, ни во Авганистан, ни во Пакистан. 63 деца да загинат, а тие уште и не напаѓаат. Не гледаат како противници, не гледаат како да сме ѓавол за нив, не знам што е работата. Идат се контра против нас. Како ние да сме биле криви, како ние да сме ги пуштиле децата да загинат. Дури ни изјавуваат, зашто ги пративте децата во диското? Да не ги пративме ние да загинат. Срамота, како не им е срам, малку барем да имаа доблест, малку да имаа чест и поштовање према тие дечиња. Но како што гледам тие, како што викаат, кучињата си лаат, караванот се врви, ние само ќе се одиме, ќе си кукаме на нашите гробови на децата, а тие ќе се го водат бизнисот, ќе се пунат со пари. Не знам, не ми е јасно. Јас како татко на моето дете, 60 години работам, бувам, крампам, за што? Да му изградам една куќа и на крајот на кој ќе остане таа куќа. За четири години ќе се нафатираат со пари и ќе остварат профит и оставаат пари за поколенија. Срамота и греота за нашите деца. Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите. Ако институциите работат како што треба, нашите деца сега ќе беа тука, ќе шетаа. Но за жал, таква ни е државата, во таква држава сме се родиле“, вели Драги Стојанов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања