Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Telegram го надмина WhatsApp по бројот на корисници во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
telegram

TELEGRAM го надмина WhatsApp во Русија по број на корисници и стана најпопуларна платформа за инстант комуникација, објави денеска руската телекомуникациска компанија Мегафон. Сопственикот на WhatsApp Meta Platforms е на суд во Русија под обвинение дека е „екстремистичка организација“, па властите активно ја промовираат апликацијата Telegram откако ги забранија странските платформи како Facebook, Instagram и Twitter.

— реклама —

Воената операција на Русија во Украина дополнително ги влоши постоечките спорови меѓу странските технолошки компании и Москва. Мегафон, еден од четирите најголеми руски телекомуникациски оператори, објави анализа на сообраќајот на мобилниот интернет, која покажува дека уделот на Телеграм пораснал на 63 отсто во првите две недели од март од 48 отсто во истиот период во февруари.

— реклама —

Уделот на WhatsApp падна од 48 на 32 отсто, соопшти Мегафон. Просечниот корисник на Telegram трошеше 101 мегабајти податоци дневно наспроти 26 на WhatsApp. Telegram е основан од Русинот Павел Дуров и оваа апликација долго време е популарна платформа за информирање на Русите. Скоро сите поголеми медиуми, владини агенции и јавни личности имаат свои канали на таа мрежа.

— реклама —

Неговата популарност „порасна по ограничувањата за пристап до други апликации за комуникација и социјални мрежи“, објави Мегафон, додавајќи дека растот на бројот на корисници е забележан од 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 9 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања