Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тело на бебе пронајдено во луксузна вила во Германија, полицијата ги истражува родителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Тело на бебе било пронајдено во луксузна вила во Германија, а обдукцијата покажала дека детето е родено живо, но било убиено уште пред да заплаче за прв пат.

— реклама —

Бебе е пронајдено мртво во сина кеса за ѓубре во гаража на луксузна вила во Берге, Долна Саксонија, а полицијата ги истражува родителите за убиство. Телото на новороденчето било пронајдено пред три недели, но дури сега се дознало за страшниот случај.

— реклама —

„Родителите се под истрага. Мајката на детето моментално е во болница, а не во притвор“, изјави обвинителот Александар Ретемејер.

— реклама —

Лена К. (34) е мајка на детето, пишува Билд. Според соседите, таа се вселила во вилата пред само неколку месеци. Живеела со нејзината десетгодишна ќерка - без татко. Гласините велат дека таа неодамна работела во кафуле во Оснабрик. Еден поранешен колега за Билд изјавил: „Таа е витка жена која одеднаш стана поисполнета. На сите ни беше јасно дека е бремена. Но, таа не ни го кажа тоа“.

Обдукцијата на бебето е завршена. Истражителите веруваат дека детето е родено во када, но никогаш не било извадено од водата.

„Во моментов истражуваме во сите правци“, рече вишиот јавен обвинител Ретемајер. Според информациите на Билд, се знае кој е таткото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 2 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 12 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 15 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања