Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Темата за Кочани да ја оставиме на политичките лешинари: Мицкоски не сака да ја објави снимката од средбата со родителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
03012025-Mickoski-9

Премиерот Христијан Мицкоски вели болката е преголема за загинатите во дискотеката Пулс во Кочани и сите се уште ја чувствуваме.

— реклама —

„Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“, рече Мицкоски прашан дали ќе ја објави целосната видео-снимка од состанокот со родителите на загинатите деца.

— реклама —

Состанокот се одржал на 7 јули 2025 година во Владата.

— реклама —

Премиерот вели дека сочувствува со родителите, но бара темата да се остави на лицата кои што навистина чувствуваат голема болка, а не на оние кои што сакаат да добијат ситни политички поени.

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани вели дека целиот разговор бил снимен од негова страна.

„Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видео-снимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината”, стои во соопштението на здружението.

Тие тврдат дека Мицкоски ги навредил бидејќи им рекол дека нивните барања се исти како тие на опозициската СДСМ, партија која достави предлог-закон во Собранието за помош на настраданите и дека како што велат им рекол да одредат деца за нивните деца.

Од Владата ја потврдија средбата, но тврдат дека атмосферата и разговорот биле сосема поинакви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 11 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 15 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 22 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања