Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Температури до 23 степени, снег само на Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
IMG_0743

Сончево и релативно топло време денеска ќе се задржи низ земјава, со максимални температури кои достигнаа до 23 степени, покажуваат податоците на Управа за хидрометеоролошки работи.

Највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија, додека 22 степени се регистрирани во Демир Капија, Велес, Кавадарци, Струмица и Скопје – Петровец. Во Скопје – Зајчев Рид се измерени 21 степен, а 20 степени во Битола, Тетово, Виница и Штип.

— реклама —

Пониски температури се измерени во планинските и повисоките места – 8 степени на Попова Шапка, каде има и најголема снежна покривка од 62 сантиметри, 12 во Крушево, 13 во Маврови Анови и 14 во Лазарополе.

До крајот на денот времето ќе остане стабилно, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

— реклама —

Утре се очекува претежно сончево и топло време, со минимални температури од 0 до 9 степени, додека дневните ќе се искачат од 19 до 25 степени. Во Скопје се очекува температура до 25 степени со слаб северен ветер.

Според прогнозата, стабилното и топло време ќе се задржи до средината на следната седмица, по што следува промена. Во среда се најавува засилен до силен ветер, особено долж Повардарието, каде налетите може да надминат 70 километри на час, како и услови за краткотраен дожд во западните делови.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на неделата се очекуваат пообилни врнежи, особено во сабота, кога се најавува и поизразена нестабилност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Какво ќе биде времето денеска и наредните денови: сонце, па дожд и ветер...

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Сончево со ветер над 60 км/ч: Еве какво време нè очекува

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Ветер и сонце: Дневни температури до 20 степени

Македонија | пред 2 седмици

20180511_024801

Засилен ветер и посвежо време денес – температури до 21 степен

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања