Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Центар, две кражби пријавени во Скопје од кои едната во финансиско друштво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB
Скопје1.мк

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 11:10 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот. Во инцидентот дошло до физичка пресметка помеѓу М.С. (51) од Скопје и П.В. (28) од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Во друг случај, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднела кривична пријава против Д.М. (18) и Г.Д. (25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Според информациите, на 10 февруари околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, тие на 53-годишна жена ѝ одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетената.

— реклама —

Дополнително, на 10 февруари околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 9 февруари до 04:40 часот на 10 февруари, со употреба на сила и подесен алат било скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје. По влегувањето во објектот, биле одземени пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 13 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 14 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 15 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања