Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тешки повреди во низа сообраќајки: Излетување од пат, судир на четири возила и несреќа со запрежно возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
soobrakajka

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите два дена на подрачјето на Битола, прилепско и радовишко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Првата сообраќајна несреќа била пријавена на 1 февруари 2026 година во 04:28 часот во СВР Битола. На улицата „Партизанска“ во Битола, патничко возило „мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Возачот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

— реклама —

Втората сообраќајна несреќа била пријавена на 31 јануари 2026 година во 11:10 часот во ОВР Прилеп. На патниот правец Прилеп – Битола, во близина на селото Галичани, се случил судир меѓу четири патнички возила. Во несреќата учествувале возило „сеат“ управувано од Ј.Ј. (31) од Битола, возило „опел“ управувано од С.Т. (38) од селото Горно Оризари, битолско, возило „рено“ управувано од Л.М. (18) од селото Крклино, битолско, и возило „фиат“ управувано од Д.И. (40) од Прилеп. Со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

— реклама —

Третата несреќа била пријавена истиот ден, 31 јануари 2026 година, во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш. На регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва излетало надвор од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б. (23) од Радовиш, а повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Во оваа несреќа, А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од полициските службеници, возилото и огревните дрва биле пронајдени и предадени на Шумската полиција Радовиш.

Од МВР информираат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на сите три сообраќајни несреќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 6 минути

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 8 минути

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 2 часа

media-libraryomc4t647a96a6f5VAWv

Жена уценувала газда во Куманово: „Врати ме на работа или ќе објавам фотографии“

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања