Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Во три одделни сообраќајни несреќи на територијата на Скопје, Куманово и Битола, со тешки телесни повреди се здобија тројца пешаци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А. (60) удри во 59-годишната пешачка Б.К. Повредите ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

— реклама —

Во Битола, на улицата „Смилевски конгрес“, мотоцикл удри во 76-годишната пешачка С.Д., по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.

Во Куманово, на улицата „Народна револуција“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј. (23) удри во 67-годишната пешачка С.К., која исто така се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Куманово.

— реклама —

Увид на местата на несреќите извршиле екипи на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryga4gm9argg72e5IqloG

(Видео) Ауди, мазда и камион се судрија, има повредени: тешка сообраќајка во Скопје, едно возило превртено

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Детали за сообраќајката во која загина едно лице

Македонија | пред 1 месец

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница, сообраќајот во прекин

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања