Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски со жесток одговор до СДСМ: „Очајот не се прикрива со зборот ‘оставка’“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро реагираше на, како што вели, „очајните и политички мотивирани напади“ од СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека преку постојани барања за негова оставка се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и стравот од одговорност.

— реклама —

Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото не се бришат со папагалско повторување на зборот ‘оставка’“, вели Тошковски во својата изјава, додавајќи дека СДСМ секојдневно фабрикува кризи и спинови, обидувајќи се од секоја тема да направи политички напад.

— реклама —

Тој потенцира дека повеќе од една година центарот за прес на СДСМ не прави ништо друго освен да бара негова оставка, без аргументи и без конкретни докази за било каква одговорност.

— реклама —

„Секој ден истата реченица, иста интонација. Без разлика дали темата е безбедност, животна средина или парно греење – одговорот е ‘оставка’. Не би ме изненадило ако утре СДСМ ме обвини и за недостиг на сончеви зраци во Скопје“, саркастично коментира министерот.

Тошковски ги обвини социјалдемократите дека ја користат секоја трагедија, па дури и денешниот вооружен инцидент во Куманово, за политички поени.

„Пред да заврши увидот, пред да има првични наоди, тие веќе бараат оставка. Секој трагичен настан за нив е средство за политичка пресметка“, изјави тој.

Во изјавата, Тошковски посочи дека СДСМ е вознемирен од резултатите на МВР, посебно од постапките против корумпирани функционери и расчистувањето на криминални групи.

„Толку ли ви смета што покренавме кривични постапки против судии, обвинители и поранешни директори? Што расчистивме 14 криминални банди и уапсивме членови на терористички ќелии? Очигледно не ви пречи начинот на кој работам, туку резултатите“, нагласи министерот.

Тој потсети дека за една година на функцијата преживеал две интерпелации — од Левица и од ДУИ, и оцени дека СДСМ може да се приклучи со трета, за да ја „заокружи коалицијата на очајот“.

„Нема да поднесам оставка. Додека тие се занимаваат со спинови и конструкции, јас ќе продолжам да решавам проблеми и да расчистувам со нередот што го оставија. За нив политиката е шоу, за нас е одговорност“, завршува Тошковски.

Министерот порача дека граѓаните ќе ја дадат последната оценка на претстојните локални избори, кога, како што рече, „зборовите ќе се судрат со делата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања