Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трагедија на Бајкалското Езеро: Автомобил пропаднал низ мраз, две лица загинаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarycekqtu4oqsjvdzLCMVj

Две лица загинаа, а две се спасиле кога автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, откако возачот ја прекршил забраната за возење надвор од обележаните премини. Возилото потонало на длабочина и до неколку стотици метри, а потрагата по настраданите е во тек.

— реклама —

Две лица загинаа, а две успеале да се спасат кога нивниот автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Иркутската област во Русија.

— реклама —

„Прекршувањето на безбедносните прописи при возење по мраз резултираше со пропаѓање на автомобилот и смрт на две лица на Бајкалското Езеро“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

— реклама —

Во понеделник вечерта, спасувачите добиле информација за „тојота рактис“ која пропаднала низ мразот на Бајкалското Езеро.

Според информациите на Министерството за вонредни ситуации, возачот ја прекршил забраната за возење по мраз надвор од обележаните премини додека се движел долж заливот Уст-Анга.

Автомобилот потонал на околу два километри од брегот.

„Во автомобилот имало четири лица. Две од нив успеале да избегаат од возилото што тонело, но другите две, маж роден 1991 и жена родена 1989 година, не успеале да го сторат тоа“, се наведува во соопштението.

Агенцијата напомена дека дното на езерото е нерамно, со карпести испакнатини. Длабочината на езерото се движи од 100 до 400 метри. Потрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 7 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 9 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања