Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трагична грешка во војната: Томахавк погодил училиште во Иран каде загинаа деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Американска воена истрага, според „Њујорк тајмс“, утврдила дека САД по грешка со „томахавк“ погодиле основно училиште во Минаб, Иран, поради застарени разузнавачки податоци и погрешни координати. Иран тврди дека загинале најмалку 175 лица, главно деца. Целта била блиска база на Револуционерната гарда; училиштето порано било дел од комплексот, но подоцна било одвоено. Се проверува зошто податоците не биле ажурирани и дали имала улога ВИ. Трамп прво го обвини Иран, па рече дека ќе ја прифати истрагата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американска воена истрага утврдила дека САД се одговорни за смртоносниот ракетен напад врз основно училиште во Иран, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со прелиминарните наоди. Нападот со ракета „томахавк“ на 28 февруари се случил поради грешка во целењето, откако американската војска користела застарени податоци од Одбранбената разузнавачка агенција.

— реклама —

Во нападот врз училиштето „Шајара Тајебех“ во градот Минаб, според ирански извори, загинале најмалку 175 лица, меѓу кои најголем дел деца. Проектилот бил насочен кон блиска воена база на иранската Револуционерна гарда, а училиштето некогаш било дел од тој воен комплекс.

— реклама —

Прелиминарните наоди покажуваат дека координатите за целта биле одредени врз основа на застарени информации. Истражителите сè уште проверуваат зошто тие податоци не биле навреме ажурирани и потврдени.

— реклама —

Нападот веќе предизвика силни реакции и фрли сенка врз американската воена операција во Иран, бидејќи станува збор за еден од најтешките воени инциденти со цивилни жртви во последните децении.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја обвинил иранската страна за нападот, но подоцна изјавил дека не располага со доволно информации и дека ќе ги прифати резултатите од истрагата.

Според анализата на „Њујорк тајмс“, училиштето во Минаб се наоѓа во ист блок со објекти на иранската морнарица, но од воениот комплекс било физички одвоено меѓу 2013 и 2016 година. Сателитските снимки покажуваат дека биле отстранети стражарските кули, отворени јавни влезови и уредени училишни игралишта.

Истражителите проверуваат и дали во процесот на избор на целите имало улога вештачката интелигенција, но засега се смета дека станува збор за човечка грешка во услови на воена операција.

Случајот потсетува на бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград во 1999 година, кога поради застарени карти и погрешни координати во напад на НАТО загинаа тројца кинески државјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Трамп подготвен да ја заврши војната без отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 16 минути

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

(Видео) Жесток американско-израелски напад врз Исфахан, се шират драматични снимки

Свет | пред 29 минути

media-library00nie70vp3ubfoFTogV

Белата куќа: Трамп размислува арапските држави да платат дел од војната

Свет | пред 54 минути

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран демантира: Нема преговори со САД додека трае војната

Свет | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања