Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трајчулески: Бегството на Блерим Рамадани е организирано од структури на МВР и вработени во институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6196

,,Време е јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани, вистина која се крие од страна на МВР по секоја цена. Вистина која ја разоткрива целосната шема за тоа кој го организирал и овозможил бегството на Рамадани. И како всушност е партизирана и узурпирана државната граница со Косово од страна на структури од власта.

— реклама —

Денес ќе поставиме прашања, и доколку Владата и МВР не се одважат да излезат и јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани,, СДСМ ќе го објави целиот скандал. По сите информации кои ги имаме јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат.

— реклама —

Денеска го прашуваме Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и им даваме можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истрага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани.

— реклама —

Прво, дали е точно, дека на 10.8., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? Потсетуваме дека ги имаме деталите и секоја лага на Владата и институциите во однос на ова е кривично дело.

Понатаму, прашуваме, дали е точно дека на 14.8 односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола?

Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема?

Го прашуваме Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР?

Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата?

Очекуваме одговори во следните 24 часа, доколку не ги добиеме, ќе ги објавиме сите информации од свиркачите кои ги добивме.”, вели Митко Трајчулески, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 3 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 8 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања