Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп бара сојузници за Ормускиот теснец – реакциите на светските сили претпазливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Повикот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повеќе држави да испратат воени бродови во Ормускиот теснец засега наидува на претпазливи реакции од меѓународната заедница.

Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека очекува држави како Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство да испратат воени бродови за да се обезбеди слободна пловидба низ теснецот, кој е клучен поморски коридор за извоз на нафта.

— реклама —

Од Обединетото Кралство соопштија дека моментално разговараат со сојузниците за можните чекори.

„Во моментов со сојузниците и партнерите разгледуваме повеќе опции за да се обезбеди безбедна пловидба во регионот“, изјави портпарол на британското Министерство за одбрана.

— реклама —

Од Кина порачаа дека приоритет треба да биде прекин на непријателствата. Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека сите страни имаат одговорност да обезбедат стабилно и непречено снабдување со енергија, без директно да одговори дали Пекинг ќе испрати воени бродови.

И Јапонија засега не дала официјален одговор. Јапонски претставници изјавиле дека Токио самостојно ќе донесе одлука врз основа на сопствена проценка и дека нема автоматски да испрати воени бродови по барање на Вашингтон.

Од Франција, пак, демантираа дека испраќаат воени бродови во регионот, наведувајќи дека нивната флота останува распоредена во источниот дел на Средоземното Море во рамки на одбранбена мисија.

Од Јужна Кореја засега нема официјална реакција на повикот на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања