Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп: Имам две опции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека има „две опции“ за развојот на операцијата „Епски бес“, големата воена кампања против Иран што беше започната во раните утрински часови.

Во телефонски разговор од Мар-а-Лаго за порталот Аксиос, Трамп изјави дека може да се одлучи за долготрајна стратегија и „преземање контрола над сè“, или за кратка операција што би завршила за два до три дена, по што на Иран би му било порачано дека ќе следуваат нови последици доколку повторно започне со развој на нуклеарна и ракетна програма.

— реклама —

„Како и да биде, ќе им требаат години да се опорават“, рече Трамп.

Како клучни причини за нападот ги наведе неуспехот на преговорите што ги воделе неговите изасланици Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како и, според него, долгогодишното „деструктивно однесување“ на Иран во изминатите децении.

— реклама —

Трамп тврдеше дека Иран започнал обновување на дел од нуклеарните постројки погодени во минатогодишната операција „Дванаесетдневна војна“, иако независни аналитичари засега потврдиле само градежни активности, без докази за обновување на нуклеарната програма.

Според висок американски функционер, оперативниот план предвидува масовно бомбардирање во траење од најмалку пет дена, но времетраењето ќе зависи од развојот на настаните на терен.

Еден од клучните фактори е судбината на врховниот лидер Али Хаменеи, кој, според израелски извори, бил означен како потенцијална цел во операцијата. Засега нема официјална потврда за неговата состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvlo32bhv6qek9LMv1B7

(Видео) Испрскан со црвена течност синот на соборениот ирански шах во Берлин по политичка конференција

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Иран: првите приходи од новите давачки веќе пристигнаа во централната банка

Свет | пред 3 часа

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 6 часа

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања