Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: Иран направи голема грешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи. Тој ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во подземниот објект кај Исфахан и рече дека е прерано за заплена на иранска нафта, иако не ја исклучи. Трамп нагласи дека нема одлука за иранското раководство и претходно предупреди дека новиот лидер „нема долго да трае“ без одобрување од САД и Израел; Израел најави дека секој нов лидер може да биде цел. Мојтаба Хамнеи (56) е трет врховен лидер од 1979, наследувајќи го татко му Али Хамнеи, за кого Иран тврди дека загинал во американско-израелски напад.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, во интервју за „Њујорк пост“.

— реклама —

Во разговорот за таблоидот, Трамп ја исклучи можноста за скоро распоредување американски сили во иранскиот подземен објект за збогатување ураниум во близина на Исфахан. Тој додаде дека е „прерано да се зборува“ за можноста за заплена на иранска нафта, но нагласи дека таков чекор не е исклучен.

— реклама —

„Сè уште немаме донесено никакви одлуки за иранскиот лидер. Не сме ни блиску до донесување каква било одлука“, изјави Трамп.

— реклама —

Американскиот претседател претходно предупреди дека „новиот лидер нема долго да трае“ доколку не добие одобрување од САД и Израел, односно ако не биде оценет како погоден за соработка. Израел, пак, веќе порача дека секој новоизбран лидер на Иран може да биде потенцијална цел за ликвидација.

На прашањето за неговите планови во врска со помладиот Хамнеи, Трамп одговори: „Нема да ви кажам. Не сум задоволен од него.“

Во изјава за NBC, тој додаде дека Иран направил „голема грешка“ со изборот на новиот врховен лидер.

Педесет и шестгодишниот Мојтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран за време на викендот и е трет човек на таа функција од Исламската револуција во 1979 година. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја извршуваше функцијата 37 години.

Според иранските власти, Али Хамнеи загинал на 28 февруари кога неговата резиденција во Техеран била погодена во заеднички американско-израелски воздушен напад. Во нападот, како што наведуваат, биле убиени и сопругата на Мојтаба Хамнеи, неговата мајка и еден од неговите синови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 7 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 8 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања