Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не размислува за иранските резерви на високо збогатен ураниум, нагласувајќи дека тие се наоѓаат длабоко под земја и тешко можат да бидат достигнати.
Тој во телефонско интервју за американски медиум посочи дека, според неговите информации, овие резерви се доволно заштитени, и покрај загриженоста на експертите кои предупредуваат дека нивното обезбедување е клучно за спречување на евентуален развој на нуклеарно оружје.
„Воопшто не размислувам за тоа. Знам само дека е толку длабоко закопан што ќе биде многу тешко да се достигне“, изјави Трамп.
Тој се осврна и на претходните американски напади врз иранските нуклеарни постројки, за кои се верува дека се поврзани со складирањето на овие материјали.
„Тоа е длабоко долу... Дури ни без војна тоа не успеале да го направат. Значи... прилично е безбедно. Но ќе донесеме одлука“, изјави Трамп.