Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Три одделни случаи во Охридско-кичевскиот регион: тепачка, алкохол и марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
ohrid-carsija-policija

Во раните утрински часови на 18 февруари 2026 година, во 04:55 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид. Според информациите, дошло до физичка пресметка помеѓу Л.У. (35) и М.Н., двајцата од Охрид. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Истата ноќ, во 03:10 часот, на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го привеле Р.С. (36) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во градот агресивно се однесувал кон вработените. По преземените мерки било утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, односно имало 1,06 промили алкохол во крвта. Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Во меѓувреме, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ц.О. (23) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 9 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 10 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 10 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања