Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Три пожари во Скопје за една ноќ: Горел дел од обложувалница и две возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
pozarna

Во текот на 19 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени три одделни случаи на пожари на различни локации во главниот град, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Првиот случај бил пријавен во СВР Скопје, при што било утврдено дека на 16 декември, во периодот од 18:00 до 19:00 часот, била опожарена тенда на обложувалница на подрачјето на Карпош. Во инцидентот нема повредени лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Истата ноќ, на 19 декември во 00:40 часот, 53-годишниот А.А. од Скопје пријавил дека додека управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода, настанал пожар во возилото. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид.

— реклама —

Неколку часа подоцна, во 06:49 часот, 52-годишниот Г.Ј. од Скопје пријавил пожар во неговото патничко возило „опел“, исто така на улицата „Христо Татарчев“. И во овој случај нема повредени, пожарот бил навремено изгаснат од противпожарните служби, а извршен бил увид од надлежните служби.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарите и за целосно расчистување на сите случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 3 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 7 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 9 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања