Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тројца пешаци прегазени во Скопје за еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

На 29 септември 2025 година, во текот на денот, во Скопје се случиле три сообраќајни несреќи во кои со тешки телесни повреди завршиле тројца пешаци, информира МВР.

— реклама —

Првиот инцидент бил пријавен во 09:30 часот на улицата „Мајка Тереза“, каде патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. од Скопје, удрило во малолетен пешак. Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди.

— реклама —

Околу еден час подоцна, во 10:40 часот, на улица „60“ во село Волково, патничко возило „Фолксваген Фокс“ управувано од С.Р. (73) од Скопје удрило во 55-годишниот Ц.С. од Волково. И овој пешак со тешки повреди бил пренесен во „Мајка Тереза“.

— реклама —

Третата несреќа се случила во 15:35 часот на булевар „Србија“. Мотоцикл „Јамаха“, управуван од А.М. (26) од населба Илинден, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје. И таа се здобила со тешки телесни повреди и била згрижена во „Мајка Тереза“.

Во сите случаи бил извршен увид од увидни екипи на СВР Скопје, а истрагата продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 9 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 10 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 10 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања