Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Тројца возачи лишени од слобода поради возење под дејство на алкохол, еден излетал од патот кај Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
policija-policaec

Тројца возачи биле лишени од слобода во одвоени случаи во Велешко, Валандово и Гевгелија, откако полициските контроли утврдиле дека управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 16 јануари околу 17 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле И.П. (43) од селото Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес – село Извор, на мостот на реката Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки удрил во бетонски столб од мостот. При увидот било утврдено дека возачот го управувал возилото со 2,45 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Истиот ден, исто така околу 17 часот, во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.К. (59) од Валандово. За време на сообраќајна контрола бил сопрен трактор со валандовски регистарски ознаки, кој го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека возачот имал 1,59 промили алкохол во крвта.

Во раните утрински часови на 17 јануари, во 01:23 часот, во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле С.С. (29) од селото Корешница, општина Демир Капија. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, а по алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 1,53 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања