Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уапсен 24-годишник по напад на полицаец за време на блокадата на „Пластичарска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryt1b5t40oe14b7hCbf00

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, инцидентот се случил додека полицаецот извршувал службени дејствија, односно го регулирал сообраќајот за време на одржувањето на протестот. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.

— реклама —

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инаку, жителите на населбата Серава во општина Чаир веќе трет ден се без електрична енергија поради дефект кој, според нив, не бил саниран од страна на ЕВН. Во знак на револт, тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.

— реклама —

Граѓаните кои учествуваа во блокадата за телевизијата „21“ изјавија дека нема да се повлечат сè додека дефектот не биде отстранет, обвинувајќи дека проблемот намерно се остава нерешен, поради што тие се без струја во студените ноќи пред празниците.

Од ЕВН, пак, велат дека без пристап на екипите за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, невозможно е трајно да се санираат дефектите. Според компанијата, проблемите се последица на пренатрупаност на мрежата од диви приклучоци, при што во овој регион загубите на електрична енергија надминуваат 70 проценти, а наплатата изнесува околу 60 проценти од потрошувачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања